Џонсон: Ако пратениците гласаат против владата, одиме на избори

91

Британскиот премиер, Борис Џонсон, јасно стави до знаење дека доколку пратениците вечерва одлучат да гласаат против неговата влада, тогаш Британците треба да одлучат на избори кој ќе преговара со Европската Унија, изјави неговиот портпарол.

Се очекува пратениците денеска да гласаат за планот да му дадат на парламентот повеќе време да донесе закон што ќе го принуди Џонсон да побара одложување на брегзит со или без договор со ЕУ.

Според сегашните одредби, крајниот рок за излез на Велика Британија од ЕУ е 31 октомври.

-Премиерот беше многу јасен. Ако пратениците гласаат вечерва да ја отфрлат преговарачката позиција на Велика Британија, да ја предадат власта на опозицијата, тогаш следниот логичен чекор за овој премиер е нешто што не сака – избори – истакна портпаролот на Џонсон.

Тој ги предупреди конзервативците кои ќе гласаат против владата или апстинираат дека ќе бидат протерани од парламентарната група на партијата.