Ќе посегнат ли технолошките титани по „прирачникот“ на Бил Гејтс?

113
Бил Гејтс сведочеше пред Конгресот во 1998 година

Кога Бил Гејтс пред Конгресот одговори на тврдењата дека „Мајкрософт“ ја истуркува конкуренцијата на нефер начин, пред 22 години, тој го изнесе оттогаш познатиот рефрен на Силициумската долина, пишува Си-ен-ен.

„Мајкрософт“ произведе неверојатни нови производи по достапни цени, создаде повеќе работни места и економски можности во во одно на кој било друг сектор на економијата и ги направи САД лидери во иновација, кажа Гејтс. Наспроти сведочењето на Гејтс, „Мајкрософт“ се соочи со голема тужба од американската влада во познатиот случај кој ќе биде спомнуван со години како пресвртница за дигиталната економија.

Сега во сличен историски миг, Конгресот се подготвува за испрашувањето на технолошките гиганти на денешницата – „Амазон“, „Епл“, „Фејсбук“ и „Алфабет“ која управува со „Гугл“.

Извршните директори на четирите компании, групата која вклучува двајца од најбогатите луѓе на светот, утре треба да се појави пред комитет на Когресот за да одговори на обвиненијата дека компаниите се премногу доминантни или оти и наштетиле на конкуренцијата. Поради околностите во пандемијата, извршните директори ќе се појават заедно преку видео-конференција.

Тоа ќе биде прво вакво сослушување уште од посетата на Бил Гејтс на Капитол Хил во 1998 година. А некои експерти сметаат дека историјата ќе се повтори. Членовите на комитетот се решени сослушувањето да се заснова на собирањето на доказите за големата моќ на технолошките гиганти, што би можело да претставува повод за усвојување на нови закони.

Од четворицата извршни директори Тим Кук („Епл“), Сундар Пичаи („Алфабет“), Марк Закерберг („Фејсбук“) и Џеф Безос (Амазон), најголемо внимание ќе биде насочено кон најбогатиот човек на светот Безос, кој досега не сведочел пред Конгресот.

За разлика од случајот на „Мајкрософт“ кој беше фокусиран врз користењето на „Виндоус“ за стекнување на нефер предност, бизнисите кои сега ќе бидат „под лупа“ се соочуваат со поширока низа на жалби.

Се смета дека четворицата директори жестоко ќе тврдат како и Гејтс своевремено, дека нивните компании овозможиле напредок за повеќе други бизниси, додека членовите на комитетот ќе се обидат да ги фатат неподготвени и да најдат нелогичности во нивните тврдења.

Сослушувањето би можело да биде повод за тужба од Министерството за правда кое го истражува „Гугл“ или од обвинителството кое води засебни истраги за „Гугл“ и за „Фејсбук“, според познавачите на состојбите“.