„Њујорк Тајмс“: Трамп знаел за руското мешање уште пред да стапи на должноста

72

Две недели пред да стапи на должноста во јануари минатата година, американскиот преседател Доналд Трамп бил запознат со строго доверливи разузнавачки информации, кои укажувале дека неговиот руски колега Владимир Путин лично наредил да се извршат кибер напади со цел да се влијае на претседателските избори во САД во 2016 година, тврди „Њујорк Тајмс“.

Весникот, повикувајќи се на неколку извори присутни на средбата, наведува дека на 6 јанури 2017 година, на Трамп му биле доставени податоци, меѓу кои и документи и електорнски писма на руски воени офицери, како и информација добиена од „исклучително таен извор близок до Путин“, кој на агенти на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) им раскажал како „Кремљ донел одлука да започне кампања на кибер напади и дезинфорамции“.

Трамп „неволно го прифатил“ тоа што му го укажале, а потоа „се обидел да ги доведе во прашање исклучително јасните заклучоци“ што му биле презентирани на брифингот, наведува „Њујорк Тајмс“.