Љубов во доба на коронавирус: „Дајмонд принцес“ се обидува да го прослави Свети Валентин

249

Авокадо за вечера, пораки во форма на срце за екипажот и измешани чувства, го прават невообичаен овој ден на вљубените за сите кои се наоѓаат во карантин на луксузниот крузер „Дајмонд принцес“ пишува „Јапонија тајмс“. Над 200 лица на бродот кои се дијагностицирани со новонаречениот вирус ковид-19 беа пренесени во локалните болници. Еден од тројцата македонски државјани на бродот исто така е заразен. Оние што остануваат на бродот ќе бидат во карантин барем до среда.

Облечена во црвен фустан, менаџерката задолжена за програмата за забава на бродот, Натали, објави видео посветено на Свети Валентин на Твитер, во обид да го поправи расположението на луѓето бродот.  

– Само сакав да им дадам на знаење на сите и да кажам дека ние сме добро и се држиме како една голема фамилија – рече Натали со насмевка.

Педесет и седумгодишниот патник Мет Смит го одбележа денот на вљубените на „Дајмонд принцес“ со неговата исто така 57-годишна сопруга Кетрин Кодекас со која е во брак 21 година. Тој шегувајќи се призна дека бродот не бил нивен прв избор за прослава на Свети Валентин.

Вечерното мени за денот на вљубените предвидува специјални закуски за гостите. Салата со авокадо и ракчиња во јапонски стил, со ориз и со зеленчук. Главното јадење е францускиот класик составен од пире од компири и зеленчук, проследен со изненадување „Десерт на Свети Валентин“. 

– Специјален оброк за Денот на вљубените, резервирано шише црвено вино – напиша на својот твитер-профил и објави слика од шише вино, Јардли Вонг.

Коронавирусот на бродот исто така раздели неколку двојки за Денот на вљубените, при што една од нив е разделена за време на медениот месец. Кент Фрашр беше принуден да се збогува со својата партнерка Ребека, кој се зарази со вирусот и сега се наоѓа во болница.

– Си рековме „збогум, ќе се видиме подоцна“ и си дадовме прегратка. Не се збогувавме со бакнеж затоа што навистина не знаевме што се случува. Потоа ја гледав како заминува по ходникот, сврте зад аголот и потоа ја снема – вели Кент за телевизијата Си-ен-би-си.