Јункер: Секој национализам води кон војна

716

Секоја форма на национализам води кон војна и затоа треба да направиме се што е во наша моќ да се справиме со национализмот и екстремната десница, изјави денеска претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Во обраќање пред членовите на Парлементот на белгискиот регион Валонија, Јункер порача дека во последните години национализмот прераснал во голема политичка сила во Европа.

Во тој контекст Јункер нагласи дека некои членки на ЕУ не ги прифаќаат предлозите на Европската комисија за промена во регулативата за миграција, а некои инсистираат на засилена контрола на внтаршните граници во Унијата.

– Внатрешната гранична контрола чини дополнителни 33 милијарди евра, истака Јункер.

Говорејќи за безбедносните прашање Јункер потенцира дека долку ЕУ имаше заедничка одбранбена политика трошоците за одбрана на земјите членки годишно ќе беа помали за 100 милијарди евра,

Јункер во обраќањето нагласи и дека ЕУ денес за одбраната троши двојно помалку од Вашингтон, а остварува само 15 од резултатите на САД во одбранбената сфера.