Јункер: Не му судете на Маркс врз основа на злосторствата на неговите следбеници

347

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави дека не би требало да му се суди на Карл Маркс врз основа на злосторствата кои децении по неговата смрт ги извршиле неговите следбеници.

– Маркс не е одговорен за злосторствата кои ги извршија неговите наводни наследници – изјави синоќа Јункер на церемонијата за одбележување на 200 години од раѓањето на Маркс во германскиот град Трир.

Статуа на Маркс, висока 4,4 метри, донација од Кина, ќе биде откриена денеска во Трир, неговото родно место.

Германските групи кои ги претставуваат интересите на жртвите на комунизмот ја критикуваат прославата за годишнината од раѓањето на Маркс.