Јункер на средба со Трамп во Вашингтон на 25 јули

33

Претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер на 25 јули ќе отпатува во Вашингтон, каде во Белата куќа ќе оствари средба со американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти ЕК.

Тие ќе разговараат за „продлабочена соработка” помеѓу ЕУ и САД, за широк спектар на прашања, вклучително и надворешната политика, безбедноста, борбата против тероризмот, енергетската безбедност и економскиот раст.

Јункер и Трамп ќе разговараат и за подобрување на двостраната трговија и зајакнување на економската соработка, се вели во соопштението.