Јункер: ЕУ не сака казна за Британија, туку договор од интерес на двете страни

60

Европската Унија не сака да ја казни Велика Британија, туку главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние има за цел да постигне договор кој ќе биде од интерес на двете страни, изјави денеска претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

– Ние не сакаме казна за Велика Британија, нагласи првиот човек на Европската комисија пред европратениците.

Излегувањето на Велика Британија од Унијата, Јункер го нарече „трагедија и историска грешка“, додавајќи дека ЕУ, сепак, ќе го прифати резултатот од британскиот референдум за членство таков каков што е и ќе се обиде да направи се да заврши на најприфатлив начин за сите.

– Комисијата, заедно со Барние, работи во таа насока, рече Јункер за време на дебатата во Европскиот парламент, на која учествуваше и германската канцеларка Ангела Меркел.