Јужна Кореја ќе донира 50.000 тони ориз за Северна Кореја

69

Јужна Кореја ќе донира 50.000 тони ориз и 4,5 милиони долари за Северна Кореја за да помогне во намалувањето на недостигот од храна, објави денеска Светската програма за храна на Обединетите нации.

Тоа е најголемата донација на Јужна Кореја на северниот сосед од 2008 година. Тимот ќе поддржува од 1,5 до 2 милиона деца, бремени жени и мајки што дојат, додаваат од Светската програма за храна на Обединетите нации.

Оттаму, минатиот месец беше објавено дека производството на храна во Северна Кореја паднало на најниско ниво во последните 10 години, поради што на милиони луѓе им се заканува глад ако не добијат помош од надвор.

Експертите за земјоделство и храна на ОН во март и април ја посетија изолираната комунистичка земја откривајќи дека околу десет милиони луѓе немаат храна за да го премостат периодот до следната жетва.

Во некои рурални средини, дури 43 проценти од населението се недоволно исхранети, а едно од пет деца страда од бавен раст бидејќи не добива доволно храна, објави Светската здравствена организација.