Јужна Кореја и САД прекинуваат со големи воени вежби

101

Јужна Кореја и САД оваа недела се очекува да објават дека ќе прекинат со спроведување големи заеднички воени вежби, но под услов тие да бидат обновени ако Северна Кореја не го исполни ветувањето да се откаже од нуклеарното оружје.

Неименуван владин извор во Сеул изјавил дека прекинот ќе се однесува најмногу на трите големи заеднички воени вежби кои САД и Јужна Кореја ги спроведуваат секоја година, но не и на рутински воени вежби од помал обем.

По историската средба Сингапур меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун, Трамп изјави дека ќе ги запре „провокативните, несоодветни и скапи“ заеднички воени вежби со јужнокорејските вооружени сили, кои Пјонгјанг ги смета за подготовка за инвазија на Северот