Јужна Кореја будно го следи секое ново ракетно лансирање на Севернокорејците

36

Северна Кореја лансираше денеска две балистички ракети до краток домет во морето на источниот брег, соопшти јужнокорејската војска.

– Нашата војска ги следи движењата од северот и во случај на дополнителни лансирања е подготвена за секоe сценарио – рекоа од генералштабот на Јужна Кореја.

Јужнокорејската војска наведе дека ракетите летале околу 380 километри на максимална височина од 97 километри.

Тоа е веќе седми пат, Северна Кореја да лансира ракети по средбата помеѓу американскиот и севернокорејскиот лидер, Доналд Трамп и Ким Јонг-ун, потсетува „Ројтерс“.