Јилдирим: Ако Ерменија сака „нова страница“ во односите, Турција е подготвена

521

Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави денеска дека Турција е подготвена да го преиспита барањето за отворање „нова страница“ во односите со Ерменија.

– Ако Ерменија го напушти својот непријателски став… ако сака да отвори нова страница, ќе ги разгледаме деталите и согласно на тоа ќе одговориме – рече Јилдирим.

Изјавата на Јилдирим претставува одговор на повикот на новиот ерменски премиер Никол Пашињан за воспоставување дипломатски односи меѓу двете соседни земји.

Анкара и Ереван во 2009 година потпишаа Договор за воспоставување на дипломатски односи и отворање на заедничка граница, но подоцна тој договор пропадна поради инсистирањето на Турција и Азербејџан, Ерменија да се повлече од спорниот регион Нагорно- Карабах.

За влошување на односите придонесе и барањето на Ерменија, страдањето на 1,5 милиони Ерменци во Отоманската Империја за време на Првата светска војно, да се прогласи за геноцид.