Јапонија: Откриен брод со пет мртви тела од Северна Кореја

124

Јапонската полиција денеска открила остатоци од најмалку пет лица во дрвен брод за кој се сомнева дека допловел од Северна Кореја. Бродот е пронајден на островот Садо во северозападната префектура Нигата.

Дрвениот брод имал букви и бројки на корејски јазик.Според крајбрежната стража, ова е втор пат во еден месец на брегот на островот Садо да биде пронајден дрвен брод.