Јапонија започнува емигрантски експеримент

402

Во последните години, јапонската влада предводена од Шинзо Абе започна со либерализација на законодавстото за емиграцијата, со  цел зголемување на бројот на странските работници во Јапонија. Во текот на 2017 година, владата го олесни престојот на странските работници. Во 2018 година, Шинзо Абе издејствува донесување на закон кој овозможува постојано место на живеење за странските квалификувани работници и зголемување на бројот на издадените визи. 

Новата виза има две верзии, и двете бараат апликантот да биде спонзориран од јапонска компанија. Идните работници, исто така мора да обезбедат потврда дека поминале голем број на тестови, вклучително и испит за јапонски јазик.

Според податоците на јапонската влада, во 2018 година бројот на странците кои живеат во Јапонија изнесува 2, 73 милиони, пораст за 6,6 % во споредба со 2017 година, пренесува Блумберг.

Јапонија се соочува со недостаток на квалификувани работници и стареење на население, со што се ограничува економскиот раст на оваа азиска држава. Шинзо Абе се надева дека емигрантската реформа ќе го поттикне економскиот раст.