Јапонија ги погуби сите членови одговорени за нападот со сарин

71

Јапонија денеска ги погуби преостанатите шестмина припадници на култот „Аум Шинрикио“ (Врховната вистина на Аум), одговорен за нападот со смртоносен гас сарин во токиската подземна железница во 1995 година.

Судската постапка против обвинетите членови на Аум заврши во јануари, и сега се погубени сите 13 членови на култот кои беа осудени на смрт.

Лидерот на сектата Шоко Асахара и шестмина други припадници на култот беа егзекутирани со бесење на 6 јули.

На 20 март 1995 година, членови на сектата „Врховната вистина на Аум“ пуштија смртоносен гас во метрото во јапонската престолнина, при што се убиени 13 лица, а повеќе од шест илјади беа повредени.

Асахара, заедно со уште 12 членови на култот, кој мешаше будистичка и хинду медитација со учења за судниот ден, беше осуден на смрт поради серија злосторства, во кои се убиени вкупно 27 лица.