Јапонија ги активираше маринците за да ја засили одбраната од Кина

473

Јапонија ја активираше првата единица маринци од Втората светска војна која е обучена да се спротистави на инвазија на јапонски острови долж Источното Кинеско Море, за кои Токио стравува дека се ранливи на можен напад од Кина.

На свеченоста во воената база во близина на Сасеба, на југозападниот остров Кјушју, околу 1.500 припадници на десантна бригада се построија на ладно и веторовито време, јавија јапонски медиуми.

– Со оглед на се потешката одбранбена и безбедносна состојба во нашето опкружување, одбраната на нашите острови е наша главна задача – нагласи заменикот министер за одбрана Томохиро Јамамото.

Формирањето на јапонската бригада маринци е контроверзно, бидејќи како што предупредуваат аналитичари, може да се користи како закана за соседни држави.