Шумски пожари во Колорадо, евакуирани 2.000 лица

67

Големите шумски пожари во Колорадо, кои беснеат веќе 11 дена, доведоа до евакуација на околу 2.000 жители, соопштија денеска официјални претставници на округот Ла Плата во Колорадо.

Метеоролозите објавија дека се очекува ширење на пожарот поради сувиот воздух и силните ветрови.

На југозападниот дел на Колорадо во пожарот се уништени повеќе од 6.880 хектари, а околу 800 пожарникари се борат со огнената стихија.