Штрајк против воениот совет во Судан

23

Најголемиот дел од продавниците се затворени, а улиците се празни во главниот град на Судан, Картум, поради почетокот на генералниот штрајк кој го свикаа лидерите на протестите барајќи оставка на владејачкиот воен совет.

Здружението на судански професионалци (СПА) ги повика луѓето да останат дома во текот на денешниот ден во знак на протест поради минатонеделниот напад на војската, кога безбедносните сили насилно го растргаа главното седиште на оваа организација, пред воениот шраб во Картум, објави АП.

При интервенцијата беа убиени десетина луѓе со што целосно пропаднаа надежите за мирна транзиција на власта, откако во април беше разрешен претседателот Омар ал Башир.

Упадот на безбедносните сили се случи по неколкунеделни полемики меѓу воениот совет кој ја презеде власта од Башир и сојузот „Проглас за слобода“ за тоа кој треба да ја контролира привремената влада до изборите.