Штрајк на таксистите во Мадрид и Барселона

36

Таксистите во Мадрид денеска го блокираа центарот на градот, барајќи построги прописи за такси службите кои работат преку апликација, како што е Убер.

Полицијата се обидува да ги расчисти блокираните патишта од таксистите, од кои многумина носат жолти елеци, по примерот на демонстрантите во Париз.

Учесниците на протестот единственствено дозволија да помине конвојот во кој беа шпанскиот крал Фелипе Шести и кралицата Летиција до изложбениот центар, каде што го отворија еден од главните саеми за туризам Фитур.

Таксистите најавија дека штрајкот ќе продолжи се додека не се усвојат прописите за такси превозот што се нарачува преку интернет, како тие што се усвоени во Барселона, каде што каталонските власти сакаат да ги принудат службите, како што е Убер, да го закажат возењето еден час однапред.

Тоа беше одбиено од регионалниот шеф Анхел Гаридо, кој смета дека со тоа Барселона и Мадрид ќе се вратат во средниот век.

Синдикатот на таксистите во Барселона исто така ги блокираше главните сообраќајници, додека онлајн такси службите се закануваат дека ќе прекинат со работа.