Што треба да знаат трудниците за коронавирусот

230
Медицинска сестра прегледува бремена жена во приватна акушерска болница во Вухан, Кина

Ризикот од заболувањето на трудниците од вирусот по ништо не се разликува од другите ризици што постојат за бремените жени, но голем број истражувања покажуваат дека степенот на ризиците за инфекција од коронавирусот се зголемува кај жените во последните фази од бременоста

Трудните жени вообичаено се поподложни на заболувања на респираторни инфекции, еднаш кога ќе заболат трудниците од ова заболување, ризиците се долгорочни, како за мајката така и за детето. Во својата обемна анализа на оваа тема, американскиот весник „Њујорк тајмс“ пишува дека информациите за ризикот по животот на жените и децата од вирусот се мали, но се чини дека најмногу од сите други се подложни на инфекција. Во анализа извршена врз 147 жени, само осум проценти од нив имале сериозно нарушување на здравјето, а еден процент биле во критична состојба по инфицирањето. Оваа анализа била извршена од Светската здравствена организација (СЗО), а објавена на 28 февруари.

Прерано е да се истражат последиците на децата родени од заболени мајки. Засега она што го покажуваат информациите е дека новороденчињата се најчесто здрави и се родени без инфекција од вирусот.
Специјализираниот магазин за медицина „Лансент“, пак, на темава истакнува дека, за среќа, од сите досегашни случаи не се евидентирани никакви вертикални трансмисии на заболувањето од мајки кон деца.
Докторот Вери Жанг, кој е епидемиолог и истражител, за магазинот изјавил дека анализите на темава почнале уште во Кина, во провинцијата Вухан, каде што од 33 новороденчиња, само три имале симптоми на вирусот, кои биле во исклучително блага состојба.

Според епидемиологот, за оние деца што биле заболени од вирусот засега с8 уште не е утврден начинот како заболувањето стигнало до нив и како биле инфицирани.
Тој додава дека засега сѐ уште во светот не постојат доволно информации да се утврди дали и кај трудниците во пораните фази на бременоста вирусот може сериозно да влијае врз нивното здравје.
Магазинот во својот осврт на состојбите потсетува дека треската кај трудниците не е новост, а тие најчесто се резултат на одреден развој на здравствени случувања неповрзани со актуелната болест. „Лансент“ пишува дека факт е дека одредени вируси имаат поразителни ефекти врз плодот или новороденчињата, вирусот зика на пример може да резултира со намалување на големината на главата на новороденчето, додека пак ебола може и да предизвика и смрт на детето.

Во периодот меѓу 1918 и 1957 година, различни пандемии имале смртност кај трудниците, која се движела меѓу 30 и 50 проценти. Трендот на трудни жени инфицирани од вирусот САРС го има приближно истиот резултат како оние што се заболени од коронавирусот. Мала студија посветена на развојот на настаните поврзани со вирусот САРС во Хонгконг во 2003 година заклучува дека од 12 инфицирани жени, три починале, а четири од преостанатите имале спонтани абортуси.
Статистиката на СЗО за новиот коронавирус и студијата на д-р Жанг нудат оптимизам за состојбите, иако голем дел од експертската заедница вели дека за цврст заклучок е потребно спроведување на истражување на поголеми бројки на луѓе.

– Ние сме запознаени со фактите што влеат дека ќе имаме голем број трудни жени што ќе се инфицирани од коронавирусот – изјавил за медиумите д-р Денис Џејмисон, кој е претседател на Комората на гинеколози при Универзитетот на Емори.
Тој истакнал дека од клучно значење ќе бидат наодите на надгледувачките системи за овие случаи, кои ќе ѝ понудат на стручната заедница поразновидни податоци. Д-р Џејмисон е еден од водечките експерти во светот, кој го креирал Американскиот колеџ за гинеколози и кој напишал упаство како лекарите да постапуваат во случаи на заболени трудници од коронавирусот.
Во своите совети до публиката, американскиот експерт истакнал дека доколку трудниците забележат кај себе одредени симптоми на новата болест, тие веднаш треба да го пријават случајот во болница.

Дополнително, според д-р Џејмисон, за секој случај трудните жени кај себе треба да ги поседуваат неопходните здравствени историјати пред заболувањето, кои треба да ги достават до надлежните медицински лица веднаш по нивната хоспитализација, а сето тоа, според него, многу ќе ја олесни битката со вирусот.
Во меѓувреме, Центарот за контрола и превенција на заболувања (ЦКПЗ) во САД, по породувањето на неколку вакви случаи во Америка, предвидува разделено лекување доколку постои кај новороденчето и кај неговата мајка, како и протокол што дозволува тие да се разделени до моментот додека мајката не биде излечена.

ЦКПЗ во овој процес ги советува мајките да го одржуваат процесот на стимулација на доењето со млеко на вештачки начин, сѐ додека не биде комплетно излечена од вирусот.