Повторно се појавија стравувања за здравствената состојба на Ангела Меркел откако германската канцеларка пак се тресеше, овојпат на церемонија во Берлин, слично како и пред десет дена, на пречекот на новиот украински претседател Владимир Зеленски.

Целата ситуација се случила додека Меркел, која следниот месец ќе полни 65 години, стоела веднаш до германскиот претседател Франк-Волтер Штајнмаер на церемонијата за назначување на нов министер за правда.

На канцеларката ѝ понудиле чаша вода, но таа ја одбила.

Агенцијата АП известува дека по половина час Меркел пристигнала во парламентот и дека тогаш изгледала добро.

Кога на канцеларката ѝ се слоши на пречекот на Зеленски од нејзиниот кабинет рекоа дека станува збор за дехидрација.

– Испив најмалку три чаши вода, што очигледно ми беа потребни бидејќи сега ми е многу подобро – изјави тогаш Меркел.