Шпанија се соочува со можни четврти избори во четири години

29

Коалициските преговори помеѓу екстремно левичарската партија Подемос и привремената социјалистичка влада на Шпанија пропаднаа. Премиерот Педро Санчез до 23 септември треба да формира мнозинска коалиција или да се соочи со уште едни избори. Ако преговорите не успеат и изборите се одржат, тоа ќе бидат четвртите избори во исто толку години во земјата.

Во јули Социјалистичката партија на Санчез и парламентарната група Подемос без блиску до постигнување договор за формирање коалиција, но екстремно левичарската партија Подемос ја одби понудата на Санчез, што доведе до заемна недоверба меѓу двете ривалски партии.

Хуан Лопез Уралде, пратеник од Подемос и член на преговарачкиот тим на групата, за „Еуроњус“ изјави:

– Јасно е дека работата на двата преговарачки тим е завршена, стигнавме најдалеку што можевме, сега сè е во рацете на лидерите на партијата, Педро Санчез и Пабло Иглесијас.

Џејми Веласкез од „Еуроњуз“ известува од Мадрид, велејќи дека чувството во Шпанија е „прилично песимистичко, изгледа дека одиме кон повторни изборите“.