Шпанија од 2040 година ќе забрани продажба на бензински, дизел и хибридни автомобили

100

Шпанија планира да предложи забрана за продажба на бензински, дизел и хибридни автомобили од 2040 година, соопштија владини претставници.

Со ова Шпанија ќе се приклучи кон групата земји кои преземат мерки за забрана на возилата кои предизвикуваат загадување и за намалување на емисиите на гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина.
 
Планот е вклучен во нацрт-законот за климатски промени што,
социјалистичката влада на шпанскиот премиер Педро Санчез планира да го презентира пред Парламентот до крајот на годината.
 
– Некои од најважните промени влијаат врз транспортот. Од 2040 година, во Шпанија нема да биде дозволена регистрација и продажба на лесни и леснитоварни возила, кои директно испуштаат јаглерод диоксид, се наведува во документот.
 
Откако ќе биде завршен, законот за климатски промени треба да биде одобрен од Парламентот, каде Владата на Санчез нема мнозинство.