Шкотите предупредени да не ги садат семињата од мистериозните пакети

89

Експертите ги предупредуваат граѓаните на Шкотска да не ги садат мистериозните пакети со семе, кои стотици граѓани ги добија преку пошта, иако не ги порачале, пренесува „Би-би-си“.

Министерството за земјоделство смета дека ова можеби е еден вид на измама што ја користат разни компании на Интернет кога сакаат да го подобрат рекламирањето на своите производи. Тие им испраќаат на луѓето несакани пакети со нивните производи, за да можат да остават позитивен коментар на нивната интернет-страница.

Сепак, експертите се загрижени дека семињата би можеле да носат на нив штетници и болести. Научниците од шкотската влада моментно ги тестираат семињата од пратките. 

Несаканите пакувања често имаат натпис на кинески јазик во кој се наведува дека внатре има накит, најверојатно за да се избегнат проверки на биосигурност или дополнителни трошоци. Иако повеќето пакувања пристигнуваат во САД, од кои 630 стигнаа на Флорида, луѓето во Англија исто така започнаа да примаат слични пратки.