Шест лица повредени по удар на гром на голф турнир во Атланта

83

Шест гледачи беа повредени откако гром удри во дрво  на голф турнир од Тур шампионат во Атланта, САД.

ПГА турнејата потврди дека ударот повредил шест луѓе кои веднаш биле однесени во болница, но не се работи за посериозни повреди. Били Крамер, сопственик на количка за продавање храна на турнирот, за локалната телевизија изјави дека бил во количка за голф кога громот удрил, по што излетал од возилото и го повредил скочниот зглоб.

– Се случи одеднаш, како да пукна бомба и луѓето врескаа – изјави Крамер.

Ударот се случил додека немало голфери на теренот – играта била сопрена во 16.17 часот по локално време, а двата грома удриле во 16.45 часот, додека гледачите чекале да се продолжи турнирот.