Шестмина застрелани во напад во автобус кај Лос Анџелес

110

Најмалку шест луѓе се застрелани во автобус, кој тргнал од Лос Анџелес до подрачја на заливот, соопшти локалната полиција за „Си-би-ес њуз“.

Осомничените се во притвор и моментално не се знае мотивот за пукањето, рекла полицијата. Не е соопштено дали има смртни случаеви, ниту колку е сериозна ситуацијата.

– Ситуацијата е стабилна и нема закани – изјавил портпаролот на патролата на калифорниските автопатишта.