Швеѓанитe сакаат помалку баратели на азил

50

Мнозинството Швеѓани велат дека сакаат да видат помалку апликации за азил отколку што земјата добила во 2019 година, при што процентот на тоа мислење е зголемено во однос на резултатите од слична анкета спроведена минатата година, пренесува СВТ.

Анкетарската агенција „Новус“ открива дека 63 отсто од Швеѓаните сакаат помалку баратели на азил од минатата година, кога земјата прифати околу 22.000 нови барања. Резултатите се за седум отсто повисоки од анкетата „Новус“ спроведена минатата година, на која 56 отсто од испитаниците рекле дека сакаат помалку барања за азил.

Бројот на оние што сметаат дека треба да има повеќе барања за азил, исто така, се намали во однос на анкетата од минатата година. Само осум отсто изјавиле дека сакаат да повеќе баратели на азил да пристигнат во Шведска. Во меѓувреме, 19 отсто изјавиле дека би прифатиле ист број на баратели на азил како минатата година.

„Новус“ исто така ги праша Швеѓаните дали мислат дека земјата треба да има ограничување на апликациите за азил годишно и за кој број сметаат дека е соодветен.

Најголемата група, 29 отсто, изјавиле дека не знаат, додека 28 отсто рекле дека би прифатиле под 10.000 бањара, 16 отсто не би прифатиле барања за азил, а 11 отсто рекле дека не треба да има ограничување.

Резултатите доаѓаат само неколку дена откако шведскиот премиер Стефан Лофвен ја отфрли идејата за горна граница за барања за азил, велејќи дека границата ќе биде во спротивност со идејата за азил. Сепак, тој рече дека Шведска би ја играла својата улога како членка на Европската Унија, но не и кога станува неодржлива.

Во моментов Шведска расправа за сопствените политики за азил додека многумина од десницата бараат повеќе ограничувања, а оние во Зелената партија се заканија дека ќе ја напуштат владата ако се воведат остри ограничувања.

Помеѓу 2010 и 2019 година, Шведска им издала дозволи за престој на околу 1,2 милиони мигранти, стотици илјади од нив баратели на азил, и дозволи за повторно обединување на семејството.