Шведски воен авион се урна по судир со птица

118

Борбен авион ЈАС 39 Грипен се урнал денеска на југот на Шведска, откако птица налетала на леталото, соопшти шведската војска.

Пилотот безбедно се катапултирал и е префрлен во блиската болница заради проверка на неговата здравствена состојба, пренесува АП.

Нема други повредени по падот на леталото, а полицијата и војската го обезбедуваат местото на несреќата.