Шведска одбива да го признае криминалот на мигрантите

310

Со зголемувањето на криминалот на бандите во Шведска, премиерот Стефан Лофвен сè уште одбива да ја обвини миграцијата за проблемот. Статистиката докажува дека греши, но во Шведска социјалната правда е очигледно поважна од вистинската правда, пренесува РТ.

Среде бран бомбашки напади и вооружени престрелки, Данска минатата недела ја затвори границата со Шведска, повторно воведувајќи пасошки контроли и полициски проверки за првпат од 1950-тите.

– Затегнувањето на безбедноста е неопходно за да ѝ се спротивставиме на заканата од сериозен, прекуграничен криминал – рече министерот за правда на Данска, Ник Хекеруп.

Тринаесет експлозии и двојно убиство во Данска предизвикаа блокада, но во Шведска проблемот е уште полош. Минатата година имало 162 бомбашки напади, а 120 се случиле во првите седум месеци од 2019 година.

Десницата ги обвини бандите предводени од мигрантите за криминалниот бран, но премиерот Лофвен не го прифаќа тоа. Иако призна дека заканата од насилство на бандите е реална и се зголемува, тој во неделата за шведската ТВ-мрежа СВТ изјави дека извор на проблемот се сегрегацијата, сиромаштијата и невработеноста.

– Сегрегацијата се јавува затоа што има премногу висока невработеност во овие области. Но, ќе беше исто без оглед на тоа кој живее таму. Ако ставите луѓе родени во Шведска под исти услови, ќе го добиете истиот резултат. Поради економскиот јаз, социјалните неправди би биле исти – рече тој.

Стапката на невработеност во Шведска достигна 8,6 отсто во 2010 година како резултат на големата рецесија. Сепак Швеѓаните не почнаа да се навредуваат меѓусебно и следната година во земјата имаше само 17 убиства од огнено оружје. До 2018 година стапката на невработеност опадна на 6,3 отсто, а сепак беа убиени 43 луѓе. Сè на сè, убиствата се зголемиле повеќе од двојно меѓу 2008 и 2018 година, според владината статистика.

Сакал да признае Лофвен или не, врската меѓу мигрантите и криминалот не е само нешто од десничарската фантазија. Истрагата за 2017 година на весникот „Дагенс Нихтер“ откри дека мигрантите стојат зад 90 отсто од пукањата во Шведска. Според извештајот, мнозинството извршители на кривични дела со пукање биле мажи со потекло од Блискиот Исток или Северна Африка.

Нападите со гранати се чини дека се увезена појава. Во Шведска имаше мал број експлозии годишно до 2016 година, кога во нападите биле искористени 39 рачни гранати. Се разбира, 2015 година беше годината кога Шведска прими повеќе од 160.000 мигранти и баратели на азил. Но, фактот дека нападите со гранати се зголемија скоро 40 пати во исто време кога Шведска беше преплавена со нови мигранти едноставно може да биде случајност.

Ако вистинската причина е навистина невработеноста, како што сугерира Лофвен, тогаш проблемот повторно е поврзан со имиграцијата. Минатата година во владиниот извештај се утврди дека стапката на невработеност за лица со мигрантско потекло била речиси 20 отсто. Друг извештај минатиот месец откри дека до 90 отсто од барателите на азил кои пристигнале во мигрантската криза во 2015 година се невработени.