Шведската полиција уби маж кој со себе носел пиштол играчка

196

Шведската полиција во центарот на Стокхолм уби маж со Даунов синдром, кој со себе носел пиштол играчка, јавија локалните медиуми.

Полицијата отворила оган врз 20- годишниот Ерик Торел реагирајќи на „опасната ситуација“.

Инцидентот се случил вчера откако полицијата реагирала на дојава за маж кој има пиштол, јави Би Би Си.

Полицијата побарала од момчето да го предаде „оружејето“, но тој одбил по што припадниците на полицијата отвориле оган.

Момчето имало тешки ментални проблеми, освен Даунов синдром боледувало и од еден вид аутизам и не можело правилно да зборува.