Швајцарија е за продолжување на доставата на храна и лекови за Иран

156

Швајцарски претставници разговарале со колеги од САД и Иран за воспоставување хуманитарен финансиски канал кој би помогнал да продолжи приливот на храна и лекови за Иран, откако Вашингтон повторно воведе економски санкции за Техеран.

– Швајцарија е посветена на зачувување на швајцарските економски интереси и внимателно го гледи развојот на ситуацијата. Властите се во директен контакт со надлежните власти на САД, ЕУ и Иран, соопшти швајцарското Министерство за економија.

Швајцарската Влада, како што се наведува, особено на хуманитарно поле, сака да обезбеди продолжување на испораката на храна и фармацевтски производи од Швајцарија.

Исто така се додава дека Владата е во контакт со американските власти, Иран и неименувани швајцарски компании со цел развивање хуманитарен финансиски канал.