Човештвото истребило 60 отсто од дивите животински видови во последните 44 години

162

Биодиверзитетот на Земјата во последните неколку децении минува низ постојано, речиси катаклизмично уништување. Од 1970 до 2014 година тоа резултирало со намалување на популацијата на диви животински видови за дури 60 отсто, покажуваат најновите податоци на Светскиот фонд за заштита на природата(ВВФ).

За потребите на извештајот наречен „Жива планета“, кој ВВФ го изработи во соработка со Лондонското зоолошко друштво, стручњаците ширум светот следеле и собирале податоци за околу 4.000 различни видови на птици, риби, цицачи, водоземци и влекачи.

Директорот на ВВФ Марко Ламбертини рече дека зачувувањето на природата треба да се разбере во многу поширок контекст и да не се сведува само на заштита на загрозените животински видови, како пандите, тигрите или китовите.

-Нема перспектива за здравата иднина за луѓето кои живеат на планета со непостојана и пореметена клима, со исцрпени океани, уништено тло и опустошени шуми, на планета речиси во целост лишена од биодиверзитет – предупреди Ламбертини.

Исчезнувањето на фауната е евидентирано на целата планета, а некои нејзини делови се посебно загрозени, како на пример тропскиот појас.

Во претходниот, десетти извештај на „Жива планета“, евидентирано е намалување на популацијата на диви животни за 58 отсто, а во овогодишниот научниците предупрдуваат на тоа дека ситуацијата се влошила и дека популацијата на диви животни се намалила за 60 отсто.

Во последните 44 години на подрачјето на Јужна Америка и Карибите забележано е ‘застрашувачко’ намалување на животинската популација од дури 89 отсто, пишува во документот.

Во истиот период исчезнале околу 23 отсто од фауната на Северна Америка и Гренланд, а на подрачјето на Европа, Северна Африка и Блискиот исток 31 отсто.

На намалувањето на биодиверзитетот денеска најмногу влијаат претереаното искористување на резурсите на планетата, како и земјоделствотот, а обата фактора се последица на зголемените потреби и потрошувачка на луѓето што ја населуваат.

На намалувањето на дивата популација придонесува и намалувањето на природните живеалишта, загадувањето и климатските промени. Биодиверзитетот е од темелно значење за здравјето на луѓето, благосостојбата, прехраната и безбедноста генерално, како и за стабилноста на економските и политичките системи ширум светот, пишува во извештајот на ВВФ.

-Светот треба да го прифати новиот глобален договор што ќе се однесува на природата и луѓето, на начин на кој е прифатен договорот за климатските промени во Париз во 2015 година – смета Ламбертини.

-Ние сме можеби последната генерација која може да преземе конкретни чекори и да го промени овој негативен тренд. Периодот до 2020 година претставува решавачки момент во човековата историја – се вели во извештајот.

Извештајот се објавува на секои две години, а целта му е да овозможи преглед на состојбата со животинскиот свет на Земјата.