Чешкиот премиер предупреди на можни предвремени избори ако неговиот коалиционен партнер се повлече

53

Чешкиот премиер, Андреј Бабиш, синоќа соопшти дека се можени предвремени избори доколку неговиот коалиционен партнер се повлече, зголемувајќи ги изгледите за уште повеќе политички превирања по неколкунеделните улични протести против неговото владеење.

Бабиш на телевизиска дебата изјави дека тој веќе ја отфрли можноста да побара поддршка од екстремно десничарската, анти-ЕУ и анти-НАТО партија за слобода и директна демократија, па затоа предвремените избори ќе бидат единствената опција.

– Верувам дека социјалдемократите нема да ја напуштат владата. Зошто би? Тоа би било целосно самоубиство, бидејќи тоа де факто би значело предвремени избори – рече Бабиш, мислејќи на неговиот левичарски коалициски партнер.

Следните избори се закажани кон крајот на 2021 година.

Малцинската коалициска влада на Бабиш ја преживеа иницијативата за недоверба што ја поднесе опозицијата во врска со протестите во четвртокот. Но, истата повторно се соочи со политички превирања кога социјалдемократите се заканија дека ќе се повлечат во знак на протест поради одбивањето на претседателот Милош Земан да назначи нов министер за култура од нивните редови.

Тие го повикаа Бабиш да го притисне претседателот да назначи министер. Но Земан одби да ги послуша нивните барања, велејќи дека го претпочита сегашниот министер.