Чешка и Словачка одбележуваат 50-годишнина од „Прашката пролет“

101

Чешка Република и Словачка денеска ја одбележаа 50-годишнината од инвазијата на трупите на Варшавскиот пакт под советско водство со цел задушување на т.н. Прашка пролет.

Во рок од неколку месеци откако тој ја презеде функцијата лидер на Комунистичката партија на Чехословачка, Александар Дубчек ja укина политичка цензура, започна со економските реформи и го остави зад себе сталинистичкото минато на земјата.

Советски, полски и унгарски војници маршираа во чехословачки град Прага, ноќта помеѓу 20 и 21 август таа година и на крајот брутално го задушија она што го сметале за опасен политички развој во руската сфера на влијание. Дел од советски војници останале во земјата до јуни 1991 година.

Стотици демонстранти синоќа се собраа пред руската амбасада во Прага на протест против континуираната руска улога како „агресор”, во регионот, потенцирајќи ја анексијата на Крим од соседна Украина во 2014 година.

Историчарите тврдат дека 137 цивили биле убиени во задушувањето на Прашката пролет помеѓу август и декември 1968 година.

Обележувањето на годишнината не помина без контроверзи.

Чешкиот претседател Милош Земан беше исклучително тивок, а бројни либерали го обвинаат за претерана блискост со рускиот претседател Владимир Путин.

– Тие трагични случувања го погодија секое семејство. Во меморијата на нашите татковци и дедовци, тие ќе останат засекогаш како нешто што никогаш не треба да се повтори – нагласи словачкиот премиер Петер Пелегрини во статија во весникот „Хосподарске новини“.

Тој додава дека инвазијата на армиски единици на СССР ги прекинала демократските процеси во Чехословачка.