Четириест уапсени по голите протести против нафтата во Осло

124

Четириест активисти за заштита на животната средина, кои ја претставуваат озлогласената организација „Екстиншн ребелион“, се уапсени по серијата протести против нафтената индустрија во Норвешка и неуспехот на владата за соодветно решавање на климатската криза, пренесуваат норвешките медиуми.

Позадината на протестите е најавата на компанијата „Винтершел ДЕА“, која е активна на континенталниот гребен на Норвешка, дека изнајмува платформа за дупчење од норвешката компанија „Одфјел дрилинг“ за нови истражувања на нафтата во Норвешкото Море и во северниот дел на Северното Море.

Во серијата демонстрации, демонстрантите блокираа фреквентна раскрсница на една од главните сообраќајни артерии на Осло, а подоцна се собраа пред две министерства со транспаренти на кои пишуваше „Нафтеното доба заврши“, барајќи „зелено рестартирање“ во обид да ја насочат Норвешка подалеку од фосилните горива. Активистите напишаа „плус четири степени“ со извичник на еден од прозорците на Министерството за енергетика.

На друг протест, активисти се собраа пред Министерството за трговија и риболов, облечени во костими на рибна носии, и си ги залепија рацете на ѕидот. Според водачот на полициските операции, Видар Педерсен, тие побарале владата да го признае глобалното затоплување и уништување на биосферата.

Активистите подоцна се врзале заедно и не дале никаков отпор кога полицијата се обидела да ги отстрани. Сепак, една од фокусните точки на демонстрациите беше клекната топлес млада жена што друг демонстрант ја полеа со густа црна супстанца налик на нафта.

– Сакам да ја покажам ранливоста на човештвото со тоа што сум гола. Ние сме ранливи на климатската криза со која се соочуваме – изјави 31-годишната Сара ван дер Моер за националниот радиодифузер НРК.

Според неа, петициите немаат ефект, па затоа одлучила да го искористи своето тело како помоќен симбол. Еден од демонстрантите, Даг Колсти, ја објасни нивната порака со едноставни зборови.

– Доста е. Владата мора да ја запре нафтената индустрија. Ќе продолжиме да протестираме сè додека тие не ја запрат нафтената индустрија – изјави Колсти.

Несогласувањето помеѓу екоактивистите и индустријата за фосилни горива веќе долго време е жестоко во Норвешка, каде нафтата и гасот се најважните производи во економијата, претставувајќи  половина од вкупната вредност на извозот.

Популарен противаргумент на повиците на активистите е дека без нафтената индустрија, норвешката економија нема да може да обезбеди добра иднина за своите жители.

Стефан Хегелунд, пратеник на владејачката Конзервативна партија, ги нарече демонстрантите разгалена толпа, тврдејќи дека тие им предизвикуваат повеќе штета отколку корист на климатските движења.

Норвешка е еден од водечките светски извозници на енергетски ресурси, покривајќи околу 2 отсто од глобалната побарувачка на нафта и 3 отсто од побарувачката за природен гас. Речиси целата нафта и гас произведени во Норвешка се извезуваат. Природните ресурси на Норвешка ѝ обозможија да го создаде најголемиот суверен фонд во светот, вреден над еден билион американски долари.

„Екстиншн ребелион“ е глобална еколошка организација основана во 2018 година во Велика Британија, во голема мерка моделирана според Гринпис и други движења кои прибегнуваат кон ненасилна граѓанска непослушност. Нејзината цел е да поттикне владина акција за да се избегне вештачки биолошки колапс.

Сепак, таа не е без контроверзии, бидејќи честопати е означувана како организација на привилегираната, средна класа претежно составена од белци. Покрај тоа, беше означен како екстремистичка организација која сака да ги уништи демократијата и владеењето на правото со изговор за борба за животната средина.