Четвртиот ирански танкер со нафта стигна до бреговите на Венецуела

135

Носејќи стотици барели нафта, танкер под иранско знаме влегол во водите на Венецуела, потврди морнарицата на оваа јужноамериканската земја неколку дена откако други три ирански танкери се закотвија во пристаништата во Венецуела, пренесува РТ.

Танкерот „Факсон“ безбедно пристигна во Венецуела по долго патување во немирните мориња, напиша Венецуелската морнарица на Твитер. Беше прикачен и краток клип на кој се гледа нивниот брод за придружба покрај танкерот додека плови низ Карипското Море.

Танкерот е дел од флотата од пет брода испратени за да донесат над 1,5 милиони барели нафта во Венецуела. Три бродови- „Форчн“, „Клавел“ и „Форест“- веќе стигнаа на своите дестинации.

Каракас претходно тврдеше дека Вашингтон е подготвен да примени воена сила за да го попречи нивното патување, повикувајќи се на извештаи група бродови се собира надвор од ексклузивната економска зона на Венецуела. Техеран се закани со  одмазда ако САД им направат проблеми на бродовите.

Иако е богата со нафта, Венецуела падна во енергетска криза и економска криза поради строгите санкции од САД и политичките немири кои почнаа откако лидерот на опозицијата поддржан од Вашингтон, Хуан Гваидо, се прогласи за привремен претседател.