Четворица повредени во престрелка во Малме

76

Четири лица се повредени во престрелка што се случи во вечерните часови во Малме, трет по големина град во Шведска, соопшти полицијата.

Во краткото соопштение не е наведено каква е состојбата на ранетите.

– Нема причина за загриженост на јавноста по пукањето во Малме – велат од полицијата, која не соопшти кои биле мотивите за пукањето.