Челниците на „Фејсбук“, „Епл“, „Амазон“ и на „Гугл“ под истрага

120

Четворицата водечки менаџери на најголемите технолошки компании „Фејсбук“, „Епл“, „Амазон“ и „Гугл“ ќе пристапат кон сослушување на американските конгресмени, кои ќе се обидат да ја утврдат пазарната моќ на овие гиганти и да одговорат на прашањата за нивното работење, монополизам и нелојална конкуренција. Како што пренесуваат американските медиуми, основачот на „Фејсбук“, Марк Закенберг, ќе мора да го оправда фактот дека со преземање на Инстаграм и на Ватсап, Фејсбук станал премногу доминантен во областа на социјалните мрежи.

Шефот на „Епл“, Тим Кук, во исто време ќе мора да разјасни зошто компаниите што развиваат платформи за апликации за мобилните телефони „ајфон“ треба од 15 до 30 проценти од добивката при нивната продажба да му дадат на „Епл“. Додека, пак, главниот оперативец на „Гугл“, Сундар Пичаи, ќе биде сослушан за монополот на својата компанија во областа на интернет-пребарувачите, а сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос, во областа на интернет-продажбата.