ЦИА откри детали за соработката со Вселенската патријаршија

519

Централната разузнавачка агенција (ЦИА) објави дел од документите за врските на вселенскиот патријарх Атинагора Константинополски сo специјалните служби, сoопшти друштвото за православна христијанска историја „Ортодокс хистори“.

– Одамна не е тајна дека поставувањето на Атинагора на местото вселенски патријарх било организирано или барем одржано со помош на владата на САД. Тешко е да се пишува за тоа како за историја зашто „темпираната бомба“ во ваквите работи се држи во тајност. Меѓутоа, понекогаш нешто излегува на виделина – се наведува во соопштението.

„Ортодокс хистори“ се повикува на обелоденетите документи на ЦИА кои се посветени на ситуацијата во Грција за време на Втората светска војна.

Агент на ЦИА во службената белешка навел дека вселенскиот патријарх радо ручал со нив. За време на ручекот Атинагора рекол дека американската разузнавачка служба би можела да смета на неговите услуги.

Потоа се наведува дека во 1942 година, грчкиот архиепископ сакал да ѝ се приклучи на американската војска, но не му дозволиле. Некоку недели подоцна, американскиот агент му напишал писмо на Атинагора во кое му се заблагодарува за соработката на грчката архиепископија со спецоијалните служби на САД.

Атинагора беше избран за вселенски патријарх во 1948 година, а пред тоа, од 1930 година, бил  архиепископ за Северна и Јужна Америка.

Авторите на статијата тврдат дека во годините што следеле, архиепископот Атинагора бил драгоцен ресурс за американската разузнавачка служба. „Ортодокс хистори“ исто така сугерира дека со ЦИА соработувале и албанскиот епископ Фан Ноли и српскиот епископ Дионисиј Миливојевиќ.

Претходно ЦИА објави повеќе од 13 милиони страници архивски документи, меѓу кои 300 посветени на Организацијата на улраинските националисти (ОУН) на Степан Бандера.