Хоспитализирани 12 патници од летот Дубаи – Њујорк кој беше ставен во карантин

148
Фото: Илустрација

Дванаесет патници од авионот што денеска беше ставен во карантин на аеродром Џон Фицџералд Кенеди во Њујорк биле хоспитализирани поради сериозноста на здравствените симптоми на кои се пожалиле. Околу стотина од вкупно 500 патници во авионот на компанијата Емиратс што слета во Њујорк од Дубаи имале симптоми на кашлица и треска со повишена температура, што предизвика сериозна загриженост на прометниот аеродром.

Во Белата куќа, Сара Сандерс, портпаролка на претседателот Доналд Трамп, изјави дека состојбата внимателно се следи. Се уште не е позната точната причина на масовните симптоми кај патниците, но по неколку часа повеќето од нив биле пуштени од авионот, откако биле прегледани од страна на лекарските екипи.