Хитлеровите војници сѐ уште примаат германски пензии

259

Во Белгија и Велика Британија, но и во некои други земји, припадници на „СС“ единиците на Хитлер или нивните семејства и натаму примаат германски пензии.

Белгискиот весник „Де морген“ пишува дека има уште 27 колаборационисти кои се на германски „државни јасли“, а пензии примаат и британски припадници на „СС“.

Како што пренесуваат медиумите, од правна страна нема неправилност. Германија ги наследи обврските од Третиот рајх и ја презеде и исплатата на пензии, повикувајќи се на декретот што го потпиша Хитлер во 1941 година.

Тоа е единствениот Хитлеров декрет кој правно остана на сила и по Постдамската конференција.

Пензиите за војниците на Хитлер се движат од 425 до 1.275 евра.

Според германското Министерство за труд и социјална политика, во Белгија само 18 лица примаат таква пензија, но наведуваат дека никој од нив не е поранешен член на „СС“.