Хилари Клинтон: Треба да го испратиме Трамп во пензија

53

Поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон, е резервирана кон можниот претседателски кандидат на Демократската партија, Берни Сандерс, но најави поддршка за секој кандидат што би го номинирале демократите, јави АП.

Во новиот документарен филм „Хилари“ поранешната државна секретарка го опишува Берни Сандерс како личност што никој не ја сака, ниту сака со него да соработува.

Сепак, Клинтон вели дека приоритет е на годинешните избори на 3 ноември да биде победен актуелниот претседател Доналд Трамп.

– Ќе почекам да видам кого ќе номинира Демократската партија и ќе го поддржам номинираниот кандидат и немојте да се изненадите кога велам дека императив е да се испрати сегашниот претседател во пензија – вели Хилари Клинтон.