Хафтар ја радикализира офанзивата во Либија?

146

Најмалку 40 лица загинаа при воздушен напад на мигрантски центар во предградието на Триполи, соопшти либиското Министерство за здравство.

Портпаролот на Министерството за здравство рече дека во нападот во центарот на Таџури се повредени 80 мигранти. Владата за бомбардирањето ја обвини таканаречената Либиска национална армија (ЛНА) под водство на Халифа Хaфтaр.

Обвинувањата доаѓаат откако еден од генералите на ЛНА и близок соработник на Хафтар, Мохамед Ал-Манфур, предупреди дека неговите сили ќе ги интензивираат воздушните напади на главниот град Триполи.

Овие закани се само неколку дена откако Владата за национална спогодба ја презема контролата врз страешки важниот град Гарјан, кој претходно го контролираше војската на одметнатиот генерал Хафтар.   

Силите под команда на Хaфтaр во моментов контролираат голем дел од источна и јужна Либија.