Хатиџе Ченгиз е многу повеќе отколку жртва или свршеница на Џамал Кашоги

354
Хатиџе Ченгиз

Хатиџе Ченгиз (37), свршеница на убиениот новинар Џамал Кашоги, во интервју за „Гардијан“ изјави дека светот не успеа да добие никаква одговорност од кралското семејство на Саудиска Арабија, при што се оддава впечаток дека тие можат да прават сѐ што ќе посакаат без никакви последици.

– Бидејќи тие не беа казнети за нивните постапки, а светот одлучи да продолжи напред и да заборави на убиството на мојот свршеник, тие можат да прават што ќе посакаат – вели Ченгиз.

Во интервјуто, таа даде детали за убиството. Таа и Кашоги биле во Турција, тој влегол во саудискиот конзулат со цел да подигне документи за нивниот брак, по што таа никогаш повеќе не го видела. Ченгиз периодот по неговото исчезнување го опиша како трауматичен и исполнет со тага и страв. Но, стравот од саудиското кралско семејство бил надминат од големата желба за правда.

– Доколку нешто ми се случи, или му се случи на некој друг, светот ќе биде двојно одговорен – вели Ченгиз.

Во декември минатата година, обвинителството на Саудиска Арабија објави дека пет лица се осудени на смртна казна, а три на затворска казна за нивната вмешаност во убиството на Кашоги. Тајното судење, во кое беше обвинет близок соработник на саудискиот принц Мохамед бин Салман, беше критикувано од активистите за човекови права. Ченгиз категорично го отфрли исходот од судењето.

– Се поставува прашањето кои се овие осудени луѓе. Доколку принцот е навистина одговорен, како што откри во едно интервју, зошто тој не ја објасни причината за нивните смртни и затворски казни? Истовремено, принцот ја прифаќа, но и бега од одговорноста – изјави свршеница на Кашоги.

Специјалната известувачка на ОН за човекови права Агнес Каламард смета дека разговорот со Ченгиз бил од значително значење за истрагата.

– Хариџе Ченгиз е многу повеќе отколку жртва или свршеница на Џамал Кашоги. Таа е интелигентна, храбра и продолжува да им пркоси на нормите – порача Каламард.