Хамза бин Ладен – наредниот лидер на Ал каеда?

307

Хамза бин Ладен, син на бившиот лидер на Ал каеда, Осама бин Ладен, наводно се оженил со ќерката на Мохамед Ата, главниот киднапер од терористичките напади против САД на 11 септември 2001 година. Други извори блиски до семејството Бин Ладен, пак, ја демантираат веста за бракот. Омар (37), четвртиот син на Бин Ладен, посочува оти неговиот полубрат е оженет со ќерката на Абу Мохамед ал Масри, лидерот на Ал Каеда обвинет за нападите во 1998 година врз амбасадите на САД во Кенија и во Танзанија.

Според аналитичарите, Хамза се смета за наредниот лидер на Ал каеда, бидејќи многумина во групата не го сакаат актуелниот лидер Ајман ал Завахири, кој застана на кормилото на Ал каеда по ликвидацијата на Бин Ладен. Али Суфан, бивш агент на ФБИ, вели дека Хамза би можел да биде нов лидер на Ал каеда во момент кога растат ресурсите и влијанието на Ал каеда, додека Исламската држава бележи пад, а десетици илјади следбеници бараат свежо лидерство.