Хамас ги демантира тврдењата на Израел за изведен ракетен напад

54

Палестинското движење Хамас демантира дека во текот на ноќта од Појасот Газа извело ракетен напад против Израел, во кој беа повредени седум лица.

-Никој од движењето на отпорот, вклучително и Хамас нема интерес да истрелува ракети од Газа против непријателот, посочи неименуван висок претставник на исламското движење – пренесуваат западните медиуми.