Француската полиција растури камп за 700 мигранти во Кале

106

Камп за мигранти во Кале, Франција, во кој беа сместени 700 до 800 мигранти, беше растурен од француската полиција во вторникот, во една од најголемите операции по уништувањето на озлогласената „Џунгла“ во Кале во 2016 година, пренесува „Брејтбарт“.

Францускиот пристанишен град сè уште е како магнет за мигрантите од Блискиот Исток и Африка кои се надеваат дека нелегално ќе го преминат каналот Ла Манш и ќе стигнат до Обединетото Кралство каде, и покрај патувањето од безбедна прва светска земја во Франција, често им се дава можност да побараат азил.

Додека ги чекаат криумчарите за да им овозможат премин преку каналот, во пловни објекти кои се движат од даски за сурфање и кајаци до гумени чамци, мигрантите често градат импровизирани кампови во француски градови како Кале. Во полициската рација на најновиот логор беа отстранети повеќе од 200 лица во првите два часа од операцијата, од кои 21 беа уапсени.

Луи ле Франк, висок претставник на северниот департман Па-де-Кале, изјави за Франс Прес дека владата сака да избегне концентрирање и ново собиралиште во Кале. Ле Франк рече дека операцијата е најголема од ваков вид по демонтирањето на озлогласениот камп „Џунгла“ во Кале, од каде беа отстранети околу 9.000 мигранти во периодот од 2015 до 2016 година.

– Според мене, ова е пред сè операција за да им се даде на луѓето безбедно прибежиште. Мигрантите живеат во оваа пошумена област во екстремно тешки услови. Беше важно мигрантите да се истераат пред зимскиот период – рече Ле Франк.

Мигрантите отстранетиени во вторникот наводно биле мажи и потекнувале од земји како Сомалија, Судан, Иран, Ирак и Еритреја.

Од приближно 700 мигранти отстранети во вторникот, 150 ќе бидат пренесени во центар за прием на мигранти, 150 во други департмани во Северна Франција, а останатите 500 ќе бидат распределени низ другите региони на Франција.

Француската влада тврди дека во областа Кале во моментов живеат 1.000 мигранти, меѓутоа локалните групи за поддршка на мигранти сугерираат дека бројот е веројатно близу 1.500.

Од почетокот на годинава, француската влада спречи 1.317 мигранти да го преминат Ла Манш. Во истиот временски период евидентирано е дека речиси 7.000 мигранти стигнале до британските брегови, а многумина останале неоткриени.

Во август беше евидентирана првата смрт во Ла Манш, со извештаи во медиумите кои лажно тврдеа дека удавениот мигрант бил тинејџер. Подоцна беше откриено дека Абдулфатах Хамдалах, Суданецот кој бил жител на мигрантскиот камп Кале, всушност бил 28-годишник чие барање за азил Франција го одбила.