Француската влада одобри два закона за пензискиот систем

48

Француски работници денеска повторно протестираа во Париз во знак на револт против планот за реформи во пензискиот систем, поради што Ајфеловата кула беше затворена за посетители.

Штрајкот денеска влезе во 51 ден, а протести се случија и во други француски градови, објави агенцијата АП.

Синдикатите гледаат на реформата на пензискиот систем како напад врз тешко добиените работнички права и на начинот на живот во Франција.

Француската влада веќе одобри два закона насочени кон усогласување на промените во пензискиот систем.

Предложените решенија оставаат неодговорени многу прашања, а најголемата загриженост е дали ќе се зголеми возраста за пензионирање, односно за колку.

Во моментов, Французите се пензионираат на 62-годишна возраст.

Додека владата заседаваше во претседателската палата, демонстрантите маршираа покрај реката Сена и покрај музејот Лувр во близина, барајќи од владата целосно да го укине планот.

Целосниот закон оди во парламентот следниот месец каде партијата на Макрон „Република во движење“ има мнозинство и сигурно ќе го усвои.