Франција јакне систем за предупредувања на социјални мрежи

87

Министерството за внатрешни работи на Франција објави денеска план дека на социјалните мрежи засилува систем за предупредување на јавноста на непосредна закана како што е терористички напад.

Од јуни предупредувањата на Министерството на таков вид опасност ќе имаат приоритет кога станува збор за објавувања на Твитер, Фејсбук и Гугл како и во францускиот јавен превоз и на телевизија, се вели во соопштение.

На Твитер предупредувањата на француското МВР ќе бидат „посебно видливи“ со специјален наслов.

И Фејсбук врз основа на специјален договор, на француската влада ќе и овозможи директно да комуницира со луѓе преку алатка за „проверка на безбедност“ која е воведена во 2014 година.