Франција се повлече од поморска мисија на НАТО

134

Франција го извести НАТО дека го суспендира учеството во операцијата во Средоземното Море откако ги доби резултатите од истрагата за инцидентот помеѓу турски и француски воени бродови, изјави претставник на француското Министерство за вооружени сили.

Турскиот амбасадор во Франција, Исмаил Хаки Муса, претходно пред француските пратенци рече дека Париз се повлекува откако истрагата за инцидентот не резултирала со заклучоци, ниту ги потврдила француските тврдења.

Односите меѓу сојузниците во НАТО, Франција и Турција, се влошија во последните неколку недели, како резултат на состојбите во Либија, северна Сирија и дупчењето во источниот Медитеран.

Франуските власти беа особено гневни кон Турција откако турски воени бродови наводно агресивно пристапиле кон бродот „Курбет“, кога во јуни неговиот екипаж се обидел да пребара брод за кој се верувало дека го крши ембаргото на Обединетите нации за Либија.

„Курбет“ дејствувал во рамки на НАТО мисијата, Чувари на морето.